top of page

Статут

___________________________________________________________________________________________

 

 

Со овој Статут Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ги уредува: името, седиштето на Партијата; симболот и знамето на Партијата; политичките цели на дејствување, остварување на јавноста во работата и начинот на дејствување; условите и начинот на зачленување и престанокот на членството; правата, обврските и одговорностите на членовите; застапувањето и претставувањето на Партијата; органите на Партијата, начинот на нивниот избор и отповикување, траењето на мандатот и начинот на одлучување; стекнување и располагање со средствата, престанок на Партијата, како и други прашања од интерес на членството и работењето на Партијата.

 

Начела и цели

 

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија е самостојна политичка партија на слободни и одговорни членови кои дејствуваат заради остварување на следните основни политички начела и цели:

  • Целосно почитување на човекот, неговото достоинство и неговите права и слободи, согласно највисоките цивилизациски и демократски придобивки;

  • Развивање на демократијата и обезбедување еднаквост на граѓаните;

  • Остварување на социјална и национална еманципација на граѓаните и изградба на општество на социјална правда;

  • Обезбедување на економска демократија и заштита на правата од работа;

  • Афирмација на правата и слободите на обесправените и маргинализирани поединци и групи и за рамноправност на половите;развивање на пазарно и ефикасно стопанство и создавање услови за рамноправност на стопанските субјекти;

  • Натамошна изградба на Република Македонија како суверена, демократска и правна држава;

  • Остварување на темелните вредности на уставниот поредок на Република Македонија;

  • Негување на културните вредности и историските придобивки на Македонија и на заедниците коишто живеат во нејзините граници;

  • Втемелување и примена на европските вредности во Македонија и нејзино непосредно вклучување во европските и евроатланските интеграциони процеси;

  • Почитување на антифашизмот како цивилизациска придобивка на современиот свет;

  • Настојување за обезбедување на правата и слободите гарантирани со меѓународните документи за Македонците во соседните земји и развивање на постојана културна и духовна комуникација со нив и со иселениците.

 

Целосната верзија на Статутот на СДСМ можете да ја преземете тука.

bottom of page